Претходно одев по забави и пиев, Мурињо кога дојде ме промени

566

Одбранбениот фудбалер на Рома Рик Карсдорп зборуваше за начинот на живот во Рим, како за критиките кои ги добивал како фудбалер на „волците“ но и за родниот клуб Феенорд.

Жозе Мурињо не направи подобар. Претходно излегував по забави и пиев, но сега веќе не го правам тоа. Причината да отидам да играм во странство беше проектот на Рома. Тука, во Рим, ти дозволуваат да имаш личен живот. Точно дека фанови ми приоѓаат кога одам по улица, но не ме тормозат. На пример, кога сум излезен во ресторант тие ме чекаат да завршам со јадење и кога ќе излезам надвор ме замолуваат за автограм или фотографија. Рома и Феенорд си наликуваат еден со друг. Страста кон клубот е видлива, особено во градското дерби со Лацио кое е многу понапрегнато од тоа меѓу Феенорд и Ајакс. Ако победуваш ти си херој. Ако кикснеш тогаш си остро критикуван. Кога ќе размислам, од друга страна, можеби тука луѓето се покритични отколку во Ротердам“, изјави Карсдорп.

„Поради повредите долго време не можев да го дадам најдоброто од себе. Рома ме купи за многу пари (16 милиони евра) и затоа луѓето се прашуваа дали вредам толку. По враќањето во Феенорд (позајмен во сезоната 2019/20) бев решен да успеам. Имав среќа и станав стандарден играч“, додаде Холанѓанецот.

ПретходноКоринтианс е заинтересиран за Луис Суарез
СледноДедо Мраз пак го заобиколи Ноу Камп: Играчите нема да добијат божиќни подароци