Работнички на колена пред малите „штркчиња“ (ФОТО)

303

МЗТ Скопје 2 во вториот обид успеа да му го зеде скалпот на Работнички сезонава. Во последниот меч од оваа календарска година, вториот тим од Аеродром го совлада најтрофејниот кошаркарски колектив со 87-89 во драматична завршница.

За малите“ штркчиња ова беше само втора победа во прволигашкото друштво, додека на другата страна избраниците на Тони Симиќ го запишаа петтиот пораз.

Мечот беше решен во последната четвртина, при водство на Работнички од 78-77, гостите со серија од 2-10 поведоа со 80-87. Домашните кошаркари се разбудија по овој налет на противникот, но овојпат ниту имаа време, ниту пак среќа. Вратија со 7-2 за крајни 87-88 на овој дуел и голем срам.

Дека се дојдени по изненадување во „Кале“, избраниците на Борис Нешовиќ покажаа уште во првата четвртина во која беа и повеќе од рамноправен противник. И ја добија со минимални (21:20).

Тој курс младите кошаркари од Аеродром го држеа и во вториот период од играта во кој дури таа разлика ја зголемија. И до одморот изградија солидни (49:44).

Рансом со 21 поен, Петровски со 19 поени и Андоновски со 18 поени го предводеа својот тим до големиот триумф, кај домаќинот Џексон имаше 28 поени.

ПретходноАнгели без шанси со Куманово, го запишаа и 12-тиот пораз во серија
СледноМу се шета на човекот: За 11 години играл во 10 различни шампионати