Скандал во најсилната европска лига: Тренер со бокс го удри најмладиот играч во тимот (ВИДЕО)

1549

Во 17. коло во Евролига, Баерн на домашен терен беше поразен од Басконија со 76-81. Поразот на германскиот тим е во сенка на потегот на Андре Тринкиери. Предводникот на домашниот состав се најде во центарот на вниманието, со бокс во стомак го удри Џејсон Џорџ, најмладиот кошаркар во Баерн, а потоа го турна кон клупата.

Ваквото однесување на италијанскиот стручњак се најде на бројни критики од страна на јавноста, бидејќи младиот играч во игра мина две минути за кои немаше ниту една грешка, ниту пак учинок, па прашање е зошто Тринкиери го удри со бокс во стомак.

 

ПретходноЏејмс Родригез со нов имиџ и очајна форма се врати после два месеци (ВИДЕО)
СледноБарселона пред Димитриевски договори уште еден трансфер