Од светот на фудбалот доаѓа нова трагична вест. Овој пат од Оман, пред натпреварот помеѓу Мускат и Ал Суваик, почина играчот на домашниот тим Мукалед Ал-Ракади.
Како што пренесуваат медиумите, 29-годишниот фудбалер се онесвестил за време на загревањето. Медицинскиот тим веднаш реагирал, но за жал обидите завршиле неуспешно. Според првичните информации, Ал-Ракади починал од срцев удар.
Muscat Player Mukhaled Al-Raqadi Passes Away..#Oman Muscat FC player Mukhaled Al-Raqadi died after being taken to hospital after falling while warming up before the start of his team’s match with Al-Suwaiq FC today in the 6th round of the Omantel Football League. pic.twitter.com/TdEKk3fElU
— Ayman Mat News (@AymanMatNews) December 22, 2021
„Ова е Божја волја и ја прифаќаме со тага во срцето. Изразуваме сочувство до семејството и им посакуваме многу сила во овие тешки моменти“, се вели во соопштението на клубот.