Нешто повеќе од две милијарди луѓе го проследиле Формула 1 шампионатот во 2021 година што е нов рекорд по гледаност на овој спорт. Оваа сезона имаше што да понуди, тесна битка до последниот круг помеѓу Макс Верстапен, кој стана шампион и освојувачот на титулата од минатата година Луис Хамилтон.
Шефот на Ф1 Стефано Доменикали за „Мотоспорт“ се пофали за одличните резулати оваа година и покрај проблемите со пандемијата и зголемувањето на интересот во овој спорт.
„Имавме неверојатна сезона. Шампионатот го гледаа повеќе од два милијарди луѓе. Последната трка во Абу Даби беше најгледаниот спортски настан за 2021 година. Ова се маестрални бројки и горд сум што Формула 1 шампионатот станува многу популарен во светот. Тоа е показател дека работиме добро и се движиме во добра насока“, изјави Доменикали.