Чави му кажал на Де Јонг дека за него веќе нема место во Барселона

446

Ова лето многумина беа изненадени кога Барселона го ангажираше Лук де Јонг од Севиља на позајмица. Каталонците сакаа да додадат дополнителен елемент во офанзивата, но неговото присиство во тимот е просто незабележително.

Холанѓанецот одигра 12 натпревари, доби 500 минути на теренот и постигна само еден гол. Според „Кадена Копе“ Барселона уште оваа замима завршува со него. Новиот тренер Чави веќе му кажал на Де Јонг дека не му треба во тимот и најдобро е тој да си замине.

Интересно е што и Севиља нема интерес да го врати Де Јонг, па прашање е каде ќе заврши 31-годишниот напаѓач. Се споменува Кадиз како заинтересиран за Де Јонг, па неговиот агент деновиве имал разговори со тимот.

ПретходноФ1 запиша рекорд: Преку 2 милијарди луѓе го следеле шампионатот 2021
СледноЊујорк ја победи „десeткуваната“ Атланта во првиот божиќен меч во НБА лигата