Шкендија и оваа година ја продолжува традицијата, да израдува дечиња со подароци и новогодишни пакетчиња во пресрет на новогодишните празници. с
Егзон Бејтулаи и Флорент Рамадани е дружеа со децата од Дневниот центар за посебни потреби во Тетово и ОУ Лирија. Им посакаа здравје и среќа во новата година, а од таборот на тетовскиот клуб соопштија дека ќе продолжат да ја негуваат традицијата и да помагаат на ранливите категории на луѓе вклучувајќи ги и дечињата и да споделуваат позитивни вибрации.