Дефанзивецот на Лацио Франческо Ачерби зборуваше за своите желби во иднина, а кажа дека нема да ја менува средината во 2022 година, но исто така потврди дека сон му е да заигра во англиската Премиер лига.
„Во 2022 година ќе играм за Лацио. Тоа е сигурно. Потоа ќе видиме. Би сакал еден ден да играм во Премиер лигата. Тоа е фасцинантно првенство и би сакал да се пробам таму“, откри Ачерби.
33-годишниот репрезентативец е цел и на Интер, но со својата изјава ги демантираше информациите дека во јануари може да се пресели на „Џузепе Меаца“. Во последно време тој е под притисок на ултрасите кои бараат од клубот тој да си оди, од друга страна клубот не се согласува со тоа. Неговиот договор со римскиот клуб е до 2025 година.