„Албанскиот Меси“ и го нудат на Шкендија!

3397

Јахмир Хика или „Албанскиот Меси“ би можел оваа зима да ја засили екипата на Шкендија. Имено како што велат фудбалските кулоари во градот под Шара, менаџерите на искусниот играч на врска го понудиле на тетовскиот клуб, со цел тој да игра за Шкендија барем до јуни. Да биде замената за Арменд Алими.

Инаку Хика има 33 години, некогашен член на репрезентацијата на Албанија за која настапил на 47 меча и постигнал два гола. Во својата кариера го носел дресот на Динамо Тирана, Розенборг, Олимпијакос, Тирана, Мајнц, Паниониос, Луцерн, Сан Хозе, Макаби Нетанија, Ниес Зиона а последен клуб му бил Гижу од Кина.

ПретходноСтоле денеска полни 28 години: Роденденски преговори со Барса, Рајо бара 6 милиони евра!
СледноОфицијално: Давид Дејвис е новиот тренер на РК Вардар!