И Стивен Џерард на листата заразени со Ковид-19 во Астон Вила

169

Менаџерот на Астон Вила, Стивен Џерард, е најновиот во листата на заразени со Ковид-19 во екипата од „Вила Парк“.Легендата на Ливерпул е изолиран и сигурно нема да го води тимот во следните два натпревари против Челзи (26 декември) и Лидс Ј. (28 декември).

Во клубот од Бирмингем има бран болни со Ковид-19, поради што е одложен натпреварот против Барнли кој требаше да се одигра пред една недела. Уште тогаш Стиви Џи призна дека има паника кај некои играчи од бројните инфекции.

ПретходноЊујорк ја победи „десeткуваната“ Атланта во првиот божиќен меч во НБА лигата
СледноНе можат да се договорат: Тој бара поголема плата, клубот сака да му ја намали