Леброн Џејмс се најде на мета на критики поради објава на Инстаграм

174

Леброн Џејмс се најде на мета на критики откако на својот „Инстаграм“ профил имаше обајва со која Ковид-19 го поистоветува со сезонски грип и настинка. Секако по ова негово размислување имаше бројни реакциии, дел се согласија со него, дел го критикуваа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 👑 (@kingjames)

Џејмс е вакциниран, иако претходно одби да биде амбасадор на кмпањата за масовна заштита од Ковид-19. Тој напиша дека неговата задача не е да ги убедува останатите да се вакцинираат.

„Не доаѓа предвид. Не е моја работа да се залагам за вакцини и да поттикнувам вакцинирање. Ова не е прашање на расизам или нешто слично каде што јас секогаш ќе го кажувам моето мислење. Тука зборуваме за нешто што луѓето го ставаат во своето тело, не можам да се мешам во тоа. Знам што направив за себе и за моето семејство и тоа е тоа“, изјави тој кон крајот на септември.

Под неговата последна објава дел го потсетија Џејмс на бројот на загинати од инфекција со коронавирус.

ПретходноБаерн лансира уште една “БОМБА“: Инсиње на пат кон Минхен!
СледноОсијек ќе им ги врати парите на своите фанови од годишните билети по трансферот на Бочкај во Динамо!