Ова лето многумина беа изненадени кога Барселона го ангажираше Лук де Јонг од Севиља на позајмица. Каталонците сакаа да додадат дополнителен елемент во офанзивата, но неговото присиство во тимот е просто незабележително.
Холанѓанецот одигра 12 натпревари, доби 500 минути на теренот и постигна само еден гол. Според „Кадена Копе“ Барселона уште оваа замима завршува со него. Новиот тренер Чави веќе му кажал на Де Јонг дека не му треба во тимот и најдобро е тој да си замине.
Интересно е што и Севиља нема интерес да го врати Де Јонг, па прашање е каде ќе заврши 31-годишниот напаѓач. Се споменува Кадиз како заинтересиран за Де Јонг, па неговиот агент деновиве имал разговори со тимот.