Виеира нема да го води Палас против Тотенхем

83

Менаџерот на Кристал Палас, Патрик Виеира нема да го предводи тимот на лондонското дерби против Тотенхем денеска. Французинот беше позитивен на коронавирус и е во изолација. Неговиот помошник Осиан Робертс ќе го води тимот од клупата.

Самиот натпревар беше доведен во прашање поради неколку позитивни случаји. Вчера играчите на Кристал Палас добија упатство да останат дома и да не заминат во   хотел односно карантин, што вообичаено се случува ден пред натпревар. Според „Атлетик“, Палас утрово испратил барање за одложување на натпреварот, но истото било одбиено.

ПретходноМарко Митев: Тоа што сум дел од нашата најдобра репрезентација ме прави горд МАКЕДОНЕЦ!
СледноНестварно: Ливерпул му нуди на Салах плата од 30 милиони евра годишно!