Репрезентацијата на Црна Гора се соочува со проблеми и тоа на самиот старт на подготовките за Европското првенство 2022. Во редовите на еден од противниците на Македонија во групната фаза, има позитивни ракометари на Ковид-19.
Засега не се открива бројката, нити имињата на репрезентациите, она што е сигурно е дека е одложен мечот со Косово, кој исто така има позитивни на коронавирус. Црна Гора пред два дена играше со Кувајт, спаринг партнерот на Македонија во првата фаза од подготовките.
Ракометарите на оваа земја пристигнаа во Скопје, засега нема најава за одложување на утрешната прва пријателска средба. Македонија на ЕП со Црна Гора игра на 15 јануари во рамките на второто коло, натпреварувањето го отвара против Словенија, а на последниот ден игра против Данска.
Foto:Rscg.me