Турскиот кошаркарски гигант Фенербахче извесен период нема да може да смета на двајцата најдобри кошаркари Јан Весели и Нандо де Коло. Тие доживеаа тешки повреди и ќе бидат надвор од терените. Де Коло ќе паузира осум до десет недели поради скршеница на левата дланка, додека Весели ќе го нема осум недели поради повреда на лигаментите на десниот скочен зглоб.
Де Коло оваа сезона во Евролигата во просек бележи 12,5 поени, 2,3 скока и 4,3 асистенции, додека Весели е на 13,4 поени, 5,9 скокови и 2,6 асистенции.
Фенербахче е на 10. место на табелата во Евролигата со седум победи и 10 порази.