Менаџерот на Кристал Палас, Патрик Виеира нема да го предводи тимот на лондонското дерби против Тотенхем денеска. Французинот беше позитивен на коронавирус и е во изолација. Неговиот помошник Осиан Робертс ќе го води тимот од клупата.
Самиот натпревар беше доведен во прашање поради неколку позитивни случаји. Вчера играчите на Кристал Палас добија упатство да останат дома и да не заминат во хотел односно карантин, што вообичаено се случува ден пред натпревар. Според „Атлетик“, Палас утрово испратил барање за одложување на натпреварот, но истото било одбиено.