Најсилната светска хокеарска лига (НХЛ) ги одложи сите планирани натпревари за в понеделник, бидејќи кризата со КОВИД-19 и натаму не спласнува. Истата доведе до тоа лигата да забрани играчите да се натпреваруваат на ЗОИ во Пекинг 2022 година.
Утре требаше да се одиграат 14 натпревари, со што ќе се ставеше крај на импровизирана петдневна пауза. Сепак, четири натпревари се закажани за вторник (28 декември), иако НХЛ размислува за уште некој ден продолжение на паузата.
На тимовите на НХЛ им беше дозволено да ги продолжат тренинзи денес, но ќе почекаат за да се вратат во регуларниот дел од сезоната.