Падна божиќен рекорд, Леброн заврши на „постер“, Лејкерси влегоа во криза (ВИДЕО)

278

Кошаркарите на Бруклин ги победија Лејкерси со 122-115 и покрај феноменалната партија на Леброн Џејмс. За тимот од ЛА ова беше петти пораз во низа, 18 оваа сезона.

„Кралот“ го решеташе противникот, постигна 39 поени, 9 скока и 7 асистенции. Но, на другата страна го имаше расположениот Џејмс Харден со 36 поени, 10 скока и исто толку асистенции, имаше помош од Милс кој постигна 34 поени, кој постигна осум тројки од 13 обиди, што пак е божиќен рекорд.

Нетси поведоа со плус 20 поени на почетокот на последниот период, но Лејкерси направија серија од 14-0. Џејмс и неговите соиграчи изедначија на 115-115, но немаа сили за целосен пресврт. Бруклин со седум поени во серија го решија мечот.

За Леброн ова беше 12. меч со над 30 поени и повеќе, со учинок од шест победи и шест порази, тоа е еден од најлошите рекорди на еден играч во НБА-лигата во десет натпревари.

Тој во една ситуација заврши на „постер“.

Покрај ова, за Леброн ова е четврти меч со 30 поени и повеќе, последен пат тоа го направи во 2018 година.

Од друга страна, Харден и Милс постанаа првиот тандем со по 30 поени на Божиќ после Баркли и Џонсон во 1993 година.

Јута се намачи против десеткуваниот Далас, славеше со 120-116.

ПретходноНема намера да се откаже иако следниот месец ќе наполни 44 години
СледноГвардиола револтиран: Не можам да верувам дека луѓето престанаа да носат маски