Пешевски и Штутгарт со пораз ја завршија годината

90

Жарко Пешевски и Штутгарт не успеаја да стават крај на лошата серија, на гости кај Гопинген го запишаа петтиот пораз во низа, беа совладани со 34-32 во меч од 18 коло во Бундес-лигата ќ.

По оваа средба дефинитивно се вклучи алармот во тимот на Пешевски, веќе долго време се наоѓа над опасната зона, не успева да се издигне, па паузата ќе биде добредојдена.

Пешевски немаше свој ден, постигна еден гол од пет обиди. Ова беше последен меч од оваа календарска година, па македонскиот пикер наскоро ќе се приклучи на подготовките на националниот тим.

ПретходноСити со „шестка“ го поздрави Лестер, убедливи победи и на Арсенал и на Тотенхем 🎥
СледноТФТ победи после 50 дена (ФОТО)