Луис Назарио да Лима или само Роналдо, или Ил Феномено, деновиве на прашање на медиумите кој е најдобриот фудбалер на сите времиња во светот, тој посочи четворица.
Интересно, себе си не се стави на тој список, иако според меногумина во светот на фудбалот, Бразилецот кој има две светски титули го заслужува тоа.
„Ако веќе ме прашувате кој е НАЈ, кој е најдобар на сите времиња, јас не можам да кажам само едно име. Според мене тоа се четворица. Се разбира Пеле, па потоа Марадона, секако тука се и Лео Меси и Кристијано Роналдо. Тоа се тие четворица кои се најдобри на сите времиња. Ова е мое мислење“истакна Ил Феномено или “вистинскиот“ Роналдо. Некогашниот фудбалер на Крузеиро, ПСВ, Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан и легендарен член на репрезентацијата на Бразил.