Се подготвува химна во изведба на „Фалангата“: Со Кире да биде ова Европско од сон!

1188

Најверните навивачи на македонската ракометна репрезентација денеска ќе снимаат химна за претстојното Европско првенство. „Фалангата“ со децении постојано им дава ветер во грб на ракометарите, заедно со нив ги делат убавите моменти, но и ги поддржуваат во тешките денови.

Автори на темата „Европски сон“ се Филип Неделковски (музика), Огнен Неделковски (текст) и Ангел Ќосев (студио Подрумот) аранжман и продукција. Песната ќе ја пеат фановите. Ќе се снима и спот за кој ќе се погрижи Дарио Јанковиќ.

ЕВРОПСКО ОД СОН

РЕФРЕН: Сите тука сме И навиваме како едно, Македонијо, постигни гол ! До последен здив ќе се бориме, Ќе те бодриме, наша земјо !

1. Во напад, во напад одиме, Од сегде сме тука, навивачи како тим, И треба брзо да водиме На терен штом трча срце !

РЕФРЕН: Сите тука сме И навиваме како едно, Македонијо, постигни гол ! До последен здив ќе се бориме, Ќе те бодриме, наша земјо !

2. Сто желби, а една тактика, Со Кире да биде ова Европско од сон, И нова победа сакаме, Па цела ноќ да се слави !

ТЕКСТ: ОГНЕН НЕДЕЛКОВСКИ

ПретходноИ Лече го посакува Несторовски!
СледноСтоле на финални преговори на “Камп Ноу“!