И дефинитивно Столе Димитриевски е пред трансфер на својот живот. Македонецот кој е најдобриот голман во Ла Лига оваа есен, е пред потпис со Барселона, со еден од двата најславни клубови во светот. Со гордоста на Каталонија.
Имено познато е дека Столе својот роденден и празниците ги минува во Барселона, но еве „Спортмедиа“ открива дека тој е виден на “Камп Ноу“ и тоа како излегува од канцелариите на Барса во петокот. И тоа е виден од наши фанови кои потоа се фотографирале со него. Каква можност да се фотографираш со нашиот голман и најдобриот во Ла Лига. Секако дека ова значи само едно, а тоа е дека Столе е блиску до потпис.
Јасно е дека овој трансфер не може да се реши за ден – два. Уште повеќе јасно е дека својот збор треба да го каже и неговиот Рајо Валјекано кој упорно бара 6 милиони евра, а и Барса треба да одлучи што со својот втор голман Нето, кој сака да го “откачи“.
Останува да почекаме и да видиме како ќе се одвиваат настаните во текот на следните денови.
Од друга страна фановите на Рајо го молат Македонецот да остане во клубот и му препорачуваат дека ако сака да игра во Европа следната сезона тогаш ќе игра со Рајо, а не со Барса. Ова според местата на табелата во моментов и вистина е.
Но, Барса си е Барса…