Судиите во гимнастиката ќе бидат минато: Оценките во иднина ќе ги дава компјутер!

173

Моринари Ватанабе, актуелниот претседател на Меѓународната гимнастичка федерација (ФИГ), верува дека компјутерскиот систем за бодување што се развива за овој спорт, еден ден ќе ја преземе контролата од луѓето кои се судии на меѓународните натпреварувања.

Системот за 3D анализа, кој веќе е воведен во одредени настани го развива компанијата Fujitsu, кој е еден од главните спонзори на Меѓународната гимнастичка федерација, откако Ватанабе беше избран за претседател во 2016 година.

„Во оваа фаза, тоа е систем за поддршка за судењето“, вели Ватанабе.

„Во иднина, нема сомнеж дека тој може да биде замена за луѓето. Но, тоа е сепак во иднината, засега е рано да се зборува за комплетна замена на судиите со компјутер“.

ПретходноХебај повеќе не е фудбалер на Шкендија
СледноНХЛ ги одложи сите мечеви до вторник