Белгискиот интернационалец Маруан Фелаини одигра клучна улога во решавачкиот меч на неговиот Шандонг Тајшан против Хабеј. Шандонг победи со 2:0, а првиот гол беше дело на Фелаини, а со оваа победа клубот од Чинан ја осигура шампионската титула после 2010 година.
Шандонг собра 48 поени од 19 натпревари и на три кола до крајот има 10 поени предност во однос на вториот Гуангжу ФК. Титулата на Шандонг стави крај на ерата на доминација на големите клубови во Кина.
Да потсетиме Гуангжу Евергранде освои осум титули во претходните 10 сезони, но оваа сезона е соочен со финансиски проблеми поради што голем дел од странските играчи сои заминаа меѓу кои и италијанскиот стратег Фабио Канаваро.
Инаку сите мечеви од финалната етапа на кинеската Супер лига се играат во балон во Гуангжу за да се избегнат патувања поради пандемијата.