Фенербахче без најдобрите: Де Коло и Весели на долга пауза

185

Турскиот кошаркарски гигант Фенербахче извесен период нема да може да смета на двајцата најдобри кошаркари Јан Весели и Нандо де Коло. Тие доживеаа тешки повреди и ќе бидат надвор од терените. Де Коло ќе паузира осум до десет недели поради скршеница на левата дланка, додека Весели ќе го нема осум недели поради повреда на лигаментите на десниот скочен зглоб.

Де Коло оваа сезона во Евролигата во просек бележи 12,5 поени, 2,3 скока и 4,3 асистенции, додека Весели е на 13,4 поени, 5,9 скокови и 2,6 асистенции.

Фенербахче е на 10. место на табелата во Евролигата со седум победи и 10 порази.

ПретходноФелаини помогна за прва титула на Шандонг по повеќе од 10 години!
СледноAталанта си договори плејмејкер од Сасуоло