ФМП Академија со нова победа се проби во ТОП 3 на табелата

164

Без поголеми проблеми, кошаркарите на ФМП Академија им се вратија на победите откако вечерва во претпоследниот меч од 12. коло успеаја да ја совладаат екипата на Феникс 2010 со 95:75.

По поразот од МЗТ Скопје А. во минатото коло, момците на Александар Петровиќ ја обезбедија осмата сезонска победа со која успеаја да скокнат меѓу трите најдобри тимови на табелата во домашната Прва лига.

Освен во третиот период кога Феникс 2010 беше рамноправен ривал, во преостанатите три четвртини домашните беа доминантни и на крајот сосема заслужено славеа.

Капитенот Стојановски со 20 поени беше најефикасен кај ФМП Академија, додека кај гостите, по 19 поени останаа зад имињата на Џонс и Митревски.

ПретходноДаре Велковски застана на „лудиот камен“
СледноНБА лигата сериозно размислува за лансирање на НБА Куп