Тетовска Шкендија вечерва објави раскинување на соработката со напаѓачот Рубин Хебај. Напаѓачот Хебај нема да биде дел од тетовскиот тим, откако двете страни постигнале взаемен договор за прекин на соработката.
Хебај и се приклучи на Шкендија во јануари годинава и со тимот ја освои титулата шампион на Македонија.