Многу имиња се споменуваат како можни зимски засилувања во редовите на Шкендија, но засега, така барем велат нашите информации, договорен бил само Па Омар Џоб, за кого веќе пишувавме уште минатиот месец како ново име во таборот на шампионот.
Едно од тие кои Шкендија би сакала да го види во Тетово е и Насер Алии. Роден во Куманово, кој има 28 години, но поранешен член на репрезентацијата на Албанија. Како што се шпекулира со Алии преговорите се во тек.
Станува збор офанзивен бек кој може да игра и по левата и по десната страна.
Тој е поранешен играч на Базел, Вадуц, Кајзерслаутерен, Динамо Букурешт, Хонвед, а моментално е без клуб.
На крај да споменеме дека Алии пред десет години имаше понуда да игра за младата селекција на Македонија, имаше и контакти со него за да игра за А- тимот, но Алии тогаш прво одлучи да настапува за младата репрезентација на Швајцарија, а потоа се реши место за Македонија да игра за најдобрата селекција на Албанија.