Италијанскиот прволигаш Аталанта во јануари ќе ги засили своите редови со играчот од средниот ред Жереми Бога за 22 милиони евра плус бонуси, пренесува ексклузивно новинарот Фабрицио Романо кој е специјалист за трансфери во Серија А.
Истиот извор додава дека 24-годишниот играч од Брегот на Слоновата Коска наскоро ќе биде во Бергамо каде ќе ги мине лекарските прегледи и ќе потпише договор. Се работи за поранешен фудбалер на Челзи, а тој играл и за Рен, Гранада и Бирмингем, а во 2018 година е во Сасуоло. „Зелено-црните“ тогаш го откупија од Челзи за 3,5 милиони фунти.