Eвертон си купи украински репрезентативец

243

Левиот бек на украинската репрезентација Витали Миколенко ќе биде новиот фудбалер на Евертон. Според неколку извори, младиот украински фудбалер го напушта Динамо Киев и ќе игра на „Гудисон парк“, а сумата која „карамелите“ ќе ја платат за него изнесува меѓу 21 и 23 милиони евра. Тој наводно ги минал лекарските прегледи, па се чека уште официјална потврда од страна на англискиот клуб која ќе се случи во првите денови од јануарскиот преоден рок.

Инаку Миколенко е од школата на Динамо Киев, а за првиот тим игра од 2016 година. За Украина има 21 настап. Tој ќе биде првиот украински фудбалер што ќе го облече дресот на „сините“ од Ливерпул.

ПретходноЛука Станковски потпиша за Газиантеп
СледноСити со „шестка“ го поздрави Лестер, убедливи победи и на Арсенал и на Тотенхем 🎥