Илија Несторовски е една од зимските трансферни желби на Лече, тим од Серија Б. По враќањето од тешката повреда на лигаментите, Македонецот речиси и да не добива поголема минутажа во својот Удинезе, па токму затоа веројатно треба да размисли за промена на средината. Посебно ако се знае дека ако почне да игра и да ги “тресе“ противничките мрежи, ќе добие повик и од селекторот Благоја Милевски и тоа за мартовскиот бараж со Италија, но само ако игра и се врати во старата своја добра форма.
Инаку неговиот договор со клубот од Удине истекува во јуни, а покрај Лече засега интерес за услугите на Македонецот силно се заинтересирани уште неколку клубови.
Кога сме кај Лече да кажеме дека до пред извесно време таму играше Бобан Николов, кој сега е во Шериф Тираспол.