Холандскиот интернационалец во редовите на Рома, Рик Карсдорп даде интересна изјава во која тој ја објаснува ситуацијата во која се наоѓаше периодов и како тој го доживеал истото.
„Минав низ тежок период на повреда. Затоа и не го дадов она што требаше да го дадам. Дојдов во Рома своевремено затоа што ми се допаѓаше како овој клуб функционира, што се случува во Рим. Тука луѓето се слични како во Ротердам во Феенеорд. Навивачите се жестоки но те почитуваат, знаат дека и јас имам приватен живот. Стрпливо чекаат да завршам со вечера па да ми пријдат да сликање и автограм. Тоа многу ми се допаѓа. Од друга страна имав проблеми со излегување и пиење алкохол, но под водство на Мурињо тоа повеќе не го правам. Рома плати многу пари за мене, 16. милиони евра, и понекогаш луѓето се скептици во врска со мене. Тоа не смее да биде така“ – изјави Карсдорп.