Кејн „спука“ рекорд по број на голови на Боксинг деј

198

Тотенхем го победи Кристал Палас со 3:0, а стрелец на еден од головите беше Хари Кејн. Англискиот напаѓач со погодокот против Палас оствари рекорд, поточно изедначи, а тоа е број на голови на натпреварите на Боксинг деј.

Тој стрелал прецизно на сите шест натпревари на овој ден, а има вкупно девет гола израмнувајќи го рекордот на поранешниот напаѓач на Ливерпул Роби Фаулер.

На првиот Боксинг деј, во 2014 даде еден гол против Лестер. Следната година два на Норвич, во 2017 хет-трик против Саутемптон. По еден гол на Борнмут (2018 год.), Брајтон (2019 год.) и сега против Кристал Палас. Во 2016 и 2020 не ги играше тие натпревари.

Воедно Кејн стигна до 42 гола во календарската 2021 година и е на осмото место на листата на најдобри стрелци во светот. Прв е

ПретходноТФТ победи после 50 дена (ФОТО)
СледноФелаини помогна за прва титула на Шандонг по повеќе од 10 години!