НБА лигата сериозно размислува за лансирање на НБА Куп

183

НБА се поинтензивно размислува за воведување турнир кој би се играл во текот на сезоната и каде првото место би донело финансиска награда од еден милион долари за победничката екипа.

Станува збор за натпреварување слично на европските национални купови кое во НБА може да се воведе уште во сезоната 2022/23 или 2023/24 година. Според сегашната ситуација, на турнирот би учествувале екипите со најдобар скор, а потоа би се играле елиминациски натпревари кои би ги дале финалистите. Поради овој турнир регуларниот дел од сезоната би бил скратен од 82 на 78 натпревари.

Финалето на тој (куп) турнир би се играло за Божиќ, а паричната награда на победникот и другите тимови кои би учествувале на тој турнир би послужила како финансиски поттик во однос на загубите поради пандемијата.

ПретходноФМП Академија со нова победа се проби во ТОП 3 на табелата
СледноХебај повеќе не е фудбалер на Шкендија