Легендарниот италијански голман, Џиџи Буфон и натаму ќе го гледаме на терените. Иако следниот месец ќе наполни 44 години, се уште има желба за фудбал и професионално играње.
Легендарниот италијански голман, Џиџи Буфон и натаму ќе го гледаме на терените. Иако следниот месец ќе наполни 44 години, се уште има желба за фудбал и професионално играње.
Тој се врати во својата Парма минатото лето, а сега најави нов трансфер и тоа на другиот крај на светот.
Во разговор за ТУДН, Буфон го откри својот план.
„Би сакал да играм во Мексико или САД. Немаше да играм доколку ја освоев Лигата на шампиони. Би сакал да играм таму, тоа е искуство кое сакам да го испробрам, но ќе видиме што ќе биде од сето тоа“, изјави Буфон и додаде:
„Ако ме прашувате што ќе правам во иднина, навистина не знам дали сакам да бидам менаџер или тренер. Она што сега сакам да направам е да напредувам“.
Буфон освои 28 трофеи, вклучувајќи го Светското првенство, но остана без медалот во Лигата на шампиони. Голманот заврши како второпласиран на трипати, последен во 2017 година.