Нестварно: Ливерпул му нуди на Салах плата од 30 милиони евра годишно!

313

Јасно е дека ако Ливерпул сака да го задржи својот најдобар фудбалер Мохамед Салах, и тоа како ќе мора да го плати. Па така според информациите од Островот, раководството на “редси“ имаат намера да му понуди нов договор на “фараонот“ кој би вредел 592.000 евра неделно, или тоа би дошло околу 30 милиони евра годишно, се разбира нето и тука не ги сметаме разните бонуси.

Велиме нестварно зошто Ливерпул и покрај својата големина сепак не може да се мери со финансиската моќ на Сити, Јунајтед, ПСЖ или Реал, па затоа оваа вест по малку е и неверојатна.

Ако ова се случи, тогаш Салах би влегол во одбрано друштво, имено досега само двајца играчи имале 30 милиони ли повеќе годишна плата, а тоа се секако Меси и Роналдо.

ПретходноВиеира нема да го води Палас против Тотенхем
СледноЈунајтед го купува Вирц од Баер Леверкузен (ВИДЕО)