Пред Левандовски и Верстапен: Ѓоковиќ е најдобриот спортист на Европа за 2021!

162

Новак Ѓоковиќ е “кралот“ на спортот во Европа за 2021 година. Српскиот тенисер е избран за најдобар во традицоналниот избор на Националната агенција на Полска во која гласаат и 64 национални новински агенции во Европа.

Новак победи и тоа убедливо, со освоени 172 поени, втор е Роберт Левандовски (Полска) кој собра 133 поени, додека трет е Макс Верстапен (Холандија) со 125 поени.

Во топ-10 се и Карстен Вархолм (Норвешка), Сифан Хасан (Холандија), Тадеј Погачар (Словенија), Јанис Адетокумбо (Грција), Марсел Ламонт Џејкобс (Италија), Арманд Дуплантис (Шведска), Тереза Јохуаг (Норвешка).

Инаку Новак, според овиј избор, по четвртипат е најдобар во Европа, претходно ласкавата титула ја понесе во 2011, 2015, 2018 година.

ПретходноШкендија се засилува со Насер Алии!?
СледноХристов: Работнички подготовките ги стартува на 8 јануари, опција е и Анталија!