Во попладневниот термин на Боксинг деј се одиграа четири натпревари на кои паднаа 22 гола. Манчестер Сити со 6:3 славеше против Лестер на домашен терен. Уште по првиот половина час „Граѓаните“ стигнаа до предност од 4:0 со головите на Де Брујн, Марез, Гундоган и Стерлинг. Во вториот дел од 55. до 66. минута „Лисиците“ стигнаа до 4:3 (голови на Медисон, Лукман, Ихеначо), за потоа повторно „граѓаните“ да дојдат на ред и да ја стигнат до убедлива победа. Лапорт зголеми на 5:3, а по него Стерлинг ги постави конечните 6:3.
Арсенал славеше над Норвич во гости со 5:0. Младиот напаѓач Букајо Сако постигна два гола, по еден Тирни, Лаказет и Смит Роув.
Тотенхем на свој терен го победи Кристал Палас со 3:0. Кејн, Лукас и Сон ги реализираа головите. Од 37. минута Палас играше со фудбалер помалку поради црвениот картон на Заха.
Интересно беше во Лондон каде Вест Хем доживеа пораз со 2:3 од Саутемптон. Гостите поведоа со голот на Елјонуси во првиот дел, во второто полувреме изедначи Антонио во 49. минута, по него Вард Провс од пенал донесе ново водство на „светците“, па изедначи Бенрахма четири минути подоцна. Сепак, гостинската екипа славеше со гол на Беднарек во 70. минута.