ТФТ победи после 50 дена (ФОТО)

161

ТФТ стави крај на серијата од пет порази во низа во Првата лига. Тимот од Тафталиџе го доби последниот дуел од оваа календарска година, на домашен терен го совлада Кожув со 101-84.

Кошаркарите на ТФТ во мак шампионатот се израдуваа после речиси 50 дена, последен пат до триумф дојдоа на шести ноември против Ангели.

Во составот на скопскиот состав се врати Александар Костоски, кој поради вирус не настапи против Пелистер.

Гевгеличани одиграа само една добра четвртина, имаа водство од 20-28, по кое целосно паднаа. ТФТ ја превзема иницијативата, на одморот замина со двоцифрено водство (53-43), благодарение на добрата игра во втората четвртина, во која постигна 33 поени, наспроти Кожув, кој беше скромен, реализираше 15 поени.

До крајот ТФТ не дозволи поинаков тек, оваа победа беше повеќе од важна, за враќање на самодоверба, по крајно лошиот период.

Тројца кошаркари завршија со дабл-дабл учинок. Смит имаше 21 поен и 15 скока, Маслинко запиша 15 поени и 16 скока, додека Костоски имаше 18 поени и 10 асистенции. На другата страна добрата игра на Симоновски и Вилијамс не беше доволна, заедно постигнаа 54 поени.

ПретходноПешевски и Штутгарт со пораз ја завршија годината
СледноКејн „спука“ рекорд по број на голови на Боксинг деј