Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Феран Торес е многу блиску до комплетирање на трансферот во Барселона.
Како што информира новинарот Фабрицио Романо, Шпанецот утре наутро ќе биде подложен на лекарски преглед и зделката ќе биде затворена. Торес веќе одлета во Барселона со своите агенти.
Договорот со 21-годишниот играч за врска ќе биде на пет години, а сумата за трансферот е 55 милиони евра, плус уште 10 милиони бонуси.