Христов: Работнички подготовките ги стартува на 8 јануари, опција е и Анталија!

701

Работнички, барем според планот на шефот на струката Борче Христов, зимските подготовки ќе ги стартува на 8 јануари, веднаш по завршување на празниците. Јасно е дека клубот од Градски парк го очекува тешка пролетна полусезона, па затоа мора зимските подготовки да се одработат како што треба.

За тоа како и каде ќе се одвиваат подготовките, свој коментар за „Спортмедиа“ има стратегот Борче Христов.

Па, почнуваме на 8 јануари. Една од опциите е и заминување во Анталија, но за тоа треба деновиве да одлучиме и дефинитивно. Познато е кој од играчите си замина, а засега нема најавено дека уште некои ќе го сторат тоа. Што се однесува до нови играчи, планираме да се засилиме со 5-6 фудбалери, ама тоа да бидат засилувања со цел да се подигне нивото на квалитет на Работнички. Јас сум оптимист, не чека напорна работа оваа зима, не чека и тешка битка во пролетниот дел, сепак како што реков, јас сум оптимист“ заврши Христов.

ПретходноПред Левандовски и Верстапен: Ѓоковиќ е најдобриот спортист на Европа за 2021!
СледноМарко Митев: Тоа што сум дел од нашата најдобра репрезентација ме прави горд МАКЕДОНЕЦ!