Битолчани останаа перфектни: Пелистер со тројки го „торпедираше“ МЗТ среде Скопје (ФОТО)

473

Дербито на 12. коло му припадна на Пелистер кој по вторпат оваа сезона славеше против МЗТ Скопје, овој пат со 78-93 во последниот меч од оваа календарска година во Првата лига. На овој начин битолчани останаа непоразени и по 12 натпревар оваа сезона за нов клупски рекорд.

Избраниците на Марјан Илиевски имаа неверојатна шутерска вечер, со тројки ги урнаа сите надежи на „сино-белите“ дека ќе успеат да им се реваншираат. Гостите постигнаа 19 тројки или 57 поени од оваа позиција.

Битолчани влегоа силно во дуелот, предводени од Стојан Ѓуроски и неговите три тројки, поведоа со 9-19 на средината на првата четвртина, а потоа и со 12-26 во осмната минута. На другата страна на домаќинот не му одеше ништо од рака. Дарко Радуловиќ повика тајм-аут, па неговите момци влегоа во серија од 9-0 за 21-26.

Не застана актуелниот првак, нешто подоцна при 29-26 со серија од 15-0 поведе со 44-39. Капитенот, Дамјан Стојановски го поведе својот тим. На одморот Стајиќ со тројка намали на 44-39.

Дека ова ќе биде тешка битка и никој лесно нема да дојде до победата најави Малешевиќ, со тројка го врати водството на 49-51. Ова беше и натпревар во тројки, двата тима често пати токму од оваа позиција гледаа да го завршат нападот. Седум тројки постигна Пелистер во третата четвртина, на другата страна МЗТ Скопје влезе во криза, па противникот со серија од 2-13 поведе со 59-66 во 28 минута.

Во последните десет минути Пелистер влезе со позитива од 61-70, Малешевиќ не реализираше за двоцифрено водство. Но, тоа им успеа на Кесар и Малешевиќ, зголемија на 61-75 во 32. минута.

Актуелниот првак се разбуди на кратко, Мекиќ, Дамјан и Крстевски, постигнаа важни поени, нивниот тим намали на подносливи 68-75. Колку беше важен мечот доказ е мешаницата која настана токму по серијата на домаќинот, која за брзо време беше смирена. Неспортска лична грешка заработи Кесар, Дејвис казни за 70-75 и вистинска драма.

Малешевиќ со една и Стајиќ со три тројки го прекина триминутниот пост на својот тим (70-87). Не успеа МЗТ Скопје да одоворија на серијата на 12-0, на крајот мораше да се помири со нов пораз во домашниот шампионат.

Кесар беше лидерот кај Пелистер со 30 поени, Стајиќ и Малешевиќ постигнаа по 14 поени, на другата страна Дамјан имаше 16 поени.

Претходно„Не можам да сфатам најдобриот голман во светот да биде резерва!“
СледноМакедонија без главните лидери му одржа лекција на Кувајт