Гвардиола е најдобриот фудбалски тренер во светот!

572

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е прогласен за најдобар менаџер во светскиот фудбал во моментов, пред неговите ривали од Премиер лигата, Јирген Клоп и Томас Тухел.

50-годишниот Шпанец комотно ја освои титулата во Премиер лигата минатата сезона, а Сити заврши со 12 бода пред ривалот Манчестер Јунајтед. Гвардиола, кој нашироко важи за еден од најдобрите менаџери на сите времиња, исто така го предводеше Сити до нивното прво финале во Лигата на шампионите.

Магазинот „FourFourTwo“ го круниса Гвардиола за најдобар тренер во светот на списокот од 50 имиња, на кој се појавуваат и клупски и селекторски имиња. Интересно, на второто место зад Пеп се најде Томас Тухел, додека менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го освои 3. место.

Селекторот на Италија, Роберто Манчини, со кој „аѕурите“ дојдоа до европската титула е само шестопласиран.

ТОП 10 најдобри тренери во светот:

10 – Маурисио Покетино (Пари Сен Жермен)

9 -Герет Саутгејт (Англија)

8 – Џулијан Нагелсман (Баерн Минхен)

7 – Диего Симеоне (Атлетико Мадрид)

6 – Роберто Манчини (Италија)

5 – Ханс-Дитер Флик (Германија)

4- Антонио Конте (Тотенхем)

3- Јирген Клоп (Ливерпул)

2- Томас Тухел (Челзи)

1- Пеп Гвардиола (Манчестер Сити)

ПретходноГраѓаните“ поставија нов рекорд: Година со неверојатни 35 победи!
СледноФеран Торес пристигна во Барселона на медицински прегледи (ВИДЕО)