Кувајт прв тест за ракометарите пред ЕП

223

Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) во Маврово ќе го одигра првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за Европското првенство 2022 година.

Противникит на избраниците на Кирил Лазаров е Кувајт, селекција против која ќе одиграме две средби. Нашиот национален тим нема да биде во комплетен состав, Кузмановски, Миркуловски и Пешевски ќе се приклучат во втората фаза од подготовките, во Маврово треба да биде пристигнат Никола Митревски.

Лазаров шанса ќе им даде на помладите ракометари, овие контроли ќе покажат кои од нив ќе патува за Дебрецин, градот домаќин на нашта група.

Македонија, Европското првенство ќе го отвори против Словенија дуел кој е закажан за 13 јануари, два дена подоцна играме против Црна Гора, додека на 17 јануари ќе ги одмериме силите со Данска, последен меч од групната фаза. Во главната рунда одат првите две селекции од секоја група.

ПретходноФеран Торес пристигна во Барселона на медицински прегледи (ВИДЕО)
СледноУтре почнува Новогодишната турнеја и битката за 100.000 евра