Лазаров: Не може да не понесе еуфорија, Кувајт не може да се спореди со Словенија или Данска

5002

Македонската ракометна со убедлива победа над Кувајт од 31-21 ја отворија серијата на контролни натпревари во рамките на подготовките за настап на Европското првенство.

Одличната игра во второто полувреме беше клучна за крајниот исход. Она што посебно го радува селекторот, Кирил Лазаров, на овој дуел не сметаше на девет стандардни ракометари, а помладите одиграа храбро.

„Среќен сум, не поради победата од десет гола разлика. Среќен сум дека пред натпреварот им кажав дека ќе стартуваме без девет стандардни репрезентативци, што поради оправдани отсуства, повреди и други работи, успеав да ги убедам дека ако се сака сè се може. Тие тоа го покажаа на теренот. Ме радува што во првото полувреме беше егал, а додека во второто едноставно го засиливме ритамот. Не е важен резултатот, колку пристапот, како и она што го договаравме и спроведовме на теренот. Ова ќе биде голем поттик за следните денови да работиме уште понапорно, да ги задржиме подобрите работи, на секој меч можете да поправите она што не е добро. Знаев дека ќе одиграме квалитетно и со голем жар, бидејќи во изминатите пет дена работивме максимално, напорно и посветено“, изјави Лазаров по мечот.

Сепак и покрај убедливата победа предводникот на националениот тим стои цврсто на земја, точно знае дека Кувајт не е ниту одблиску квалитетна како Данска, Словенија и Црна Гора.

„Не може да не понесе никаква еуфорија, стоиме цврсто на земја не можеме да го споредиме Кувајт со Словенија, Данска и Црна Гора, тоа се два различни света, знаеме што не очекува на ЕП“.

Македонија и Кувајт ќе одиграат нова средба, исто во Маврово за два дена.

ПретходноМакедонија без главните лидери му одржа лекција на Кувајт
СледноЃоргиев: Оваа победа е важна за нашата самодоверба