Лион доби две години забрана за настап во Купот на Франција

297

Фудбалскиот сојуз на Франција ги исфрли Лион и Париз од Купот на Франција по нередите на натпреварите од третото коло. Сојузот денеска донесе одлука и двата клуба да не ги продолжат настапите поради тепачката на навивачите на трибините. Тогаш мечот беше прекинат, а се чекаше одлука на зелена маса. ФС на Франција одлучи  и двете екипи да одат во „аут“, а Ница нема да игра меч од четвртото коло туку ќе се пласира директно во наредната рунда.

Лион доби повисока казна за разлика од парискиот клуб. „Лавовите“ добија забрана за настап во Купот и наредната сезона, додека сите натпревари во гости ќе ги игра без навивачи. Исто така мора да плати и 52.000 евра.

Второлигашот од Париз доби парична казна од 10.000 евра, а наредните пет натпревари место на домашен ќе ги игра на неутрален терен.

ПретходноСоуса одлучи да ја напушти Полска, реакции од ФС: Ова е неодговорно однесување!
Следно„Ѓаволите“ со доза на среќа избегнаа пораз на „Сент Џејмс Парк“ (видео)