Македонија без главните лидери му одржа лекција на Кувајт

813

Македонската ракометна репрезентација запиша победа на првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за настап на Европското првенство 2022.

Момците на Кирил Лазаров го совладаа Кувајт во Маврово со убедливи 31-21 (14-13) . Овој триумф има тоа каква тежина, во составот на нашиот најдобар национален тим ги немаше Никола Митревски, не играше Лазаров, како и Кузмановски, Миркуловски и Пешевски. Во составот не беа ниту Кузманоски и Велковски.

Предводникот на репрезентацијата им даде поголема минутажа на Стојковиќ, Митев, Ѓорѓиев, Симоноски, Петров..

Кувајт беше рамноправен противник само во првото полувреме, водеше до седмата минута со 3-5, по што Македонија со три гола во низа поведе со 6-5. Најголемото водство изнесуваше два гола.

По 14-13 на полувремето, избраниците на Кирил Лазаров дуелот го решија за осум минути, во кои направија серија 8-0 за предност од 22-13. На другата страна на Кувајт му беа потребни 12 минути за да го постигне првиот гол во овој дел од мечот.

Ракометарите не застанаа во 53. минути поведоа со 27-16 за мирен финиш и убедлив триумф.

Серафимов со седум гола беше прв стрелец, Талески постигна пет, по четири имаа Ојлески и Маџовски, Костески и Ѓорѓиев запишаа три погодоци, два имаше Георгиевски, по еден Младеновски, Симоновски и Петров. Томовски запиша шест одбрани, додека Кизиќ пет.

Македонија и Кувајт ќе одиграат уште една средба, исто во Маврово за два дена.

ПретходноБитолчани останаа перфектни: Пелистер со тројки го „торпедираше“ МЗТ среде Скопје (ФОТО)
СледноЛазаров: Не може да не понесе еуфорија, Кувајт не може да се спореди со Словенија или Данска