„Не можам да сфатам најдобриот голман во светот да биде резерва!“

8496

Јасно е дека секоја изјава на селекторот на Италија Роберто Манчини, или некој фудбалер на репрезентацијата на таа земја дека во Македонија се следи со големо внимание. А се знае зошто, со оглед на тоа дека на 24 март следната година играме на гости кај Италија во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП во Катар 2022 година.

Манчини веќе изјави дека тој е сигурен дека неговите момци прво ќе ја совладаат Македонија, па потоа и победникот од Португалија – Турција и на тој начин ќе се пласираат на Мундијалот.

Сепак тој јавно кажа од тоа дека просто е шокиран во однос на еден негов репрезентативец.

А тоа е Џанлуиџи Донарума…

Јас сум шокиран, не можам да сфатам навистина како тоа најдобриот голман во светот е резерва во својот клуб. Тоа секако дека чудно, а се знае дека за еден голман најдобро е да брани постојано ако сака да биде во форма“ истакна селекторот на „Аѕурите“.

ПретходноПСЖ под итно мора да заработи 100 милиони евра!
СледноБитолчани останаа перфектни: Пелистер со тројки го „торпедираше“ МЗТ среде Скопје (ФОТО)