Микаела Шифрин позитивна на Ковид-19

300

Поради позитивен тест на коронавирус, Американската скијачка Микаела Шифрин ќе ги пропушти трките во Австрија кои се на програмата оваа недела.

„Последниот пцр тест кој го направил е позитивен. Се чувствувам добро, ги следам протоколите, и сум во изолација“ – напиша Шифрин на социјалните мрежи.

Тројната светска првенка и освојувачка на кристалниот глобус во моментов води во генералниот пласман со 115 бодови предност пред Софија Гоџа од Италија.

Beta/AP Photo/Marco Trovati
ПретходноТотенхем купува во Јуве, Меккини и Кулушевски на пат за Лондон
СледноОвој Шкупи со Седлоски урива клупски рекорди!