Повторно заедно со Ибраими: Алими потпишува со Ксанти!

1523

 

Како што дознава „Спортмедиа“, Арменд Алими е пред потпис со Ксанти. Тим кој што е лидер на табелата во Втората лига во Грција и кој има големи амбиции да влезе во елитата. Да потсетиме дека таму веќе неколку месеци ги “кине“ мрежите Бесарт Ибраими.Што значи некогашниот тандем на Шкендија и тоа Алими-Ибраими,одново ќе биде заедно, но сега во грчкиот Ксанти.

Нашите информации говорат дека речиси се е договорено меѓу менаџерите на некогашниот репрезентативец на Македонија и раководството на Ксанти, остануваат само уште деталите. Се очекува утре или задутре и официјалната промоција.

ПретходноВо КК Гостивар револтирани од Општината: Зошто нашиот клуб нема ист третман како останатите?
СледноПСЖ под итно мора да заработи 100 милиони евра!